THE COMPOSITION OF THE MAIN ELECTION BODIES IN THE COUNTRIES OF THE FORMER SFRY [chapter]

Nikola Ambarkov
2020 Proceedings of the International Scientific Conference "Social Changes in the Global World"  
Апстракт Изборите отсекогаш биле доживувани како суштинска состојка на демократијата. Sine qua non за секоја претставничка демократија е процесот на изборите да биде фер и натпреварувачки. Клучни институции за поттикнување на вербата во демократското спроведување на изборите се изборните тела. Во споредбената наука која се занимава со проучување на изборните системи постојата различни методолошки пристапи и различни критериуми низ кои се прават обиди да се класифицираат телата кои управуваат со
more » ... изборниот процес. Независно од фактот што бројни автори прават разлика помеѓу различни облици на изборни органи, сепак, главното разликување се сведува на владини и независни тела за спроведување на изборите. Оттука, целта на овој труд е да биде разгледано прашањето како е структурирана изборната комисија, како најважен изборен орган, во законодавството на земјите на некогашна Југославија. Треба да се нагласи дека една ваква споредбена анализа се смета за сосема веродостојна, бидејќи станува збор за држави кои во раните 90-ти години на XX-тиот век, по распадот на поранешната СФРЈ, од некогашното политичко едноумие се трансформираа во земји со политички плурализам. Плурализмот во овие земји беше незамислив без демократски спроведени избори. За време на нивното одржување, изборните органи, каде спаѓа и изборната комисија, одиграа огромна улога во обезбедување на квалитетно протекување на истите. За таа цел, во овој труд, најнапред ќе биде направен преглед на теориската литература која треба да одговори на прашањата како да се анализираат телата кои управуваат со изборниот процес и кои се нивните составни елементи, кои се клучни за вреднување на самиот нивен квалитет. Потоа, ќе се направи компаративен преглед на сличностите и разликите во структурирањето на изборната комисија како дел од изборните органи во земјите кои настанаа на тлото на некогашна Југославија. Општо прифатен факт во науката за изборните системи е дека помеѓу новите демократии, во кои несомнено спаѓаат земјите на поранешна социјалистичка Југославија, помалку или повеќе независни изборни тела во облик на изборни комисии беа најпопуларни, за што ќе посведочи анализата за карактерот на овој изборен орган во земјите кои настанаа по распадот на СФРЈ -Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ и Р Македонија. Анализата која ќе биде направена треба да покаже дека, независно од фактот што сите земји од некогашна СФРЈ го следат најпопуларниот модел за спроведување на изборите UDC: 342.846(497.1) 7 th International Scientific Conference "Social Changes in the Global World" | Shtip, 3 -4, September, 2020 т.н модел на помалку или повеќе независна изборна комисија, тој не е потполно идентичен бидејќи сите модели кои ќе бидат проанализирани се продукт на политичките карактеристики на односните земји и нивната конкретна законодавна практика. Клучни зборови: изборна комисија, изборни органи, изборно законодавство, поранешна СФРЈ, независни тела Abstract Elections have always been perceived as an essential component of democracy. Sine qua non for any representative democracy is the election process to be fair and competitive. The key institutions for fostering faith in democratically conducted elections are the election bodies. In comparative science that deals with the study of electoral systems, there are different methodological approaches and different criteria through which attempts are made to classify the bodies that manage the election process. Regardless of the fact that many authors distinguish between different forms of election bodies, the main distinction still lies in distinguishing between governmental and independent bodies for conducting elections. Hence, the aim of this paper is to consider the question of how the Election Commission is conceived, as the most important election body, in the legislation of the countries of the former Yugoslavia. It should be emphasized that such a comparative analysis is considered quite plausible, since these countries that in the early 90s of the XX century, after the dissolution of the former SFRY, were transformed from the former political monism into countries with political pluralism. The Pluralism in these countries was unthinkable without democratically conducted elections. During their holding, the election bodies, including the Election Commission, played a huge role in ensuring a quality flow of the same. For that purpose, this paper will first review the theoretical literature that aims to answer the questions of how to analyze the bodies that manage the election process and what are their constituent elements crucial to evaluating the quality of the electoral administration itself. Then will be make a comparative overview of the similarities and differences in the conception of the EC as part of the election bodies in the countries that arose on the territory of the former Yugoslavia. A generally accepted fact in electoral science is that, among the new democracies, which undoubtedly include the countries of the former socialist Yugoslavia, most popular were more or less independent electoral bodies in the form of Election Commissions, as will be evidenced by the analysis of the character of the election bodies in the countries that emerged after the dissolution of the former SFRY -Slovenia, Croatia, Serbia, Montenegro, BiH and R Macedonia. The analysis done here will show that, regardless of the fact that all countries from the former SFRY follow the most popular model for conducting elections, the so-called model of more or less independent Election Commission, the process is not Faculty of Law, Goce Delcev University, Shtip | Republic of N. Macedonia completely identical because all analysed models are derived from the political specifics and characteristics of the respective countries and their specific legislative practice. Вовед Изборите отсекогаш биле доживувани како "суштинска состојка на демократијата". 1 Станува збор за важен настан во секоја една демократија, но, "во демократиите во развој, самите избори се пресвртница и честопати се и најистакнатиот показател што се користи за мерење на демократската консолидација". 2 Sine qua non за било која претставничка демократија е "процесот на изборите да биде фер и натпреварувачки". 3 Оттука, како што забележуваат истите автори, "постои голем интерес, од страна на владите во целиот свет, за спроведување непречен, добро воден и прозрачен изборен процес". 4 Квалитетот на изборите, во овој поглед, е дефиниран како "степенот до кој целиот изборен процес се смета за легитимен и обврзувачки за политичките актери". 5 Следствено на ова, добро спроведените избори се од витално значење за гарантирање на политичката еднаквост и народната контрола врз власта. 6 Изборните органи се клучните чинители кои се одговорни за демократското спроведување на изборите. Тоа се органи "кои одредуваат како се водат изборите, како чинот на гласање резултира во избор на политички претставници, и определува кој политички лидер (во претседателски систем), или партија или збир на партии (во парламентарен систем), може да формираат извршно раководство за следните неколку години". 7 Дополнително, овие тела кои раководат со спроведувањето на изборниот процес се одговорни за голем 1 James, Toby S.; Electoral Governance and the Quality of Democracy in the United Kingdom,
doi:10.46763/scgw207-20505a fatcat:dhtgwzuge5agppxjtpnr4gno3y