ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ РЕЖИМИ НА МОБИЛНОСТ

Каролина Бјелинин-Ленчовска
2016 EthnoAntropoZoom  
Каролина Бјеленин-Ленчовска (Полска) Институт за етнологија и културна антропологија, Универзитет во Варшава е-маил: k.bielenin@uw.edu.pl ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ РЕЖИМИ НА МОБИЛНОСТ Апстракт: Овој текст, базиран на моите етнографски истражувања во Македонија и Италија (2008-2014 година), има за цел да ги покаже двата обрасци на мобилност типични по распадот на Југославија. И двата се поврзани со современата политичка и економска ситуација во постјугословенска Македонија, но исто така може да се
more » ... ат со околностите во Југославија. Првиот образец се однесува на работната миграција на муслиманите со македонски мајчин јазик од западните краишта на Македонија во Северна Италија. Вториот вид на мобилност е имиграцијата на жени католици од Северна Албанија во Централна Македонија заради склучување брак. Во контекст на овие два вида мобилност ќе ги вклучам и концептите на режимите на мобилност и постсоцијализмот. Сметам дека, за да се разберат различните движења на луѓето, не можеме да ги разделуваме интернационалната од внатрешната, како и просторната од општествената мобилност.
doi:10.37620/eaz16150010bl fatcat:7m7kjvglkzhfbe3iptpp3dqwq4