ТЕОРИСКИ СТРАТЕГИИ ВО АНТРОПОЛОГИЈАТА НА СЕКСУАЛНОСТА – ЗА ЛОКАЛНИОТ ПОЛОВ/РОДОВ СИСТЕМ ВО РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО СКОПЈЕ

Инес Црвенковска - Ристеска
2015 EthnoAntropoZoom  
Апстракт: Во текстот што се однесува на сексуалноста, вниманието е насочено кон утврдување теориски стратегии во антрополошкото истражување, во кое во центарот на вниманието на истражувачот е локалниот систем на половост/родовост во ромската заедница во Скопје. Иако антропологијата е дисциплина што нуди широк спектар на можности за теориски решенија, со сите нејзини предности и слабости, ќе се обидеме во сублимирана форма да дадеме теориски насоки како можно идејно решение. Клучни зборови:
more » ... лучни зборови: антропологија, сексуалност, локален полов/родов систем, третиот род, интерсексуалец, општествен пол, полови разлики. "Природата на полот, тврдам... не е резултат на биологијата, туку на нашите потреби да зборуваме за него" (Laqueur 1990: 115). Темата за сексуалноста спаѓа во групата теми што се во постојана борба да излезат од групата "невидливи", тема што на многу елегантен начин е избегнувана ЕтноАнтропоЗум 12 ција на идејата за личната половост/родовост на општествено ниво. Бидејќи овој процес не е идентичен кај сите, кај одредени поединци се јавува потреба да настане промена на телото во физиолошка смисла, со што биолошкиот пол треба да биде променет. Доколку ваквата промена не е возможна или поединецот смета дека е непотребна, биолошкиот пол се уредува естетски. Ваквата претпоставка, напишана кабинетски, не би била валидна доколку не се потврди со етнографски материјал, низ ситуации што ќе бидат разгледувани во општествен контекст, со цел да се разбере нивното значење. Така рекол и авторот Тома Лакјор (Thomas Laqueur). "Полот, исто како и тоа да се биде човек, е контекстуален. Обидите тој да се изолира од неговото пошироко, одредено општествено милје, се осудени на неуспех..." (Laqueur 1990: 16). За да не западнеме во ќор-сокакот на бесполезното филозофирање и теоретизирање, ќе се позанимаваме токму со општествениот контекст во чии рамки машкоста и/или женскоста се градат, се обликуваат и се преобликуваат, контекст што во суштина преставува поле каде што поединците низ личната сексуалност ја изразуваат својата половост/родовост со цел да воспостават релација со другите околу себе. Авторката Мерилин Стратерн (Marilyn Strathern) за тоа напишала: "Кога велам родот, мислам на сите оние категоризации на личности, артефакти, настани, секвенции и др., поврзани со претставите за половоста, а во врска со различностите на машките и женските карактеристики, конкретизирани во човечките идеи за природата на општествените релации" (Strathern 1988: ix). Ова, со право, го потврдува фактот дека "родовиот симболизам" игра голема улога во концептуализацијата на општествениот живот. Но, што претставуваат сексуалноста, половоста/родовоста? Како се градат? Дали половоста/родовоста треба да ја гледаме како единствен ентитет? Како половоста/родовоста може да се изрази низ личната сексуалност? Во каква релација се со телото и телесното? Во каква меѓусебна релација се сите тие во одреден контекст? Како се одржува половоста/родовоста во пракса и, во однос на сексуалноста, како се одржува идејата за личниот пол? Дали нам, за една ваква комплексна тема како што е сексуалноста, поради тоа што мислиме дека е постојано околу нас, слушаме за неа и, секако, и на одреден начин, во неа сме директно инволвирани, ни е дозволено да се дрзнеме и да трагаме по одговори на прашања поврзани со неа? Иако многу автори се обидуваат сексуалноста да ја разгледуваат од различни аспекти и со своите стручни текстови се обидуваат да придонесат во теоретското разгледување на одредени нејзини карактеристики, овие автори, истовремено, отвораат голем број нови прашања на кои, според слободна проценка, долго време нема да биде даден одговор. Тоа е така и поради фактот што до крајот на дваесеттиот век сексуалноста во општествено-хуманистичките науки не била вклучувана како рамноправна научноистражувачка тема. Во антрополошката теорија била маргинализирана, со исклучок на вкрстенокултурните истражувања во кои имала споредно значење. Имено, таа била "толку интимно поврзана со нашите тела, (што) било релативно лесно да се потиснат прашањата за сексуалноста во рамките на биомедицинските науки и науките за населението" (Richard and Aggleton 2007: 1). Иако и антропологијата е наука што се занимава со "населението", некои автори напишале дека во тој период била смета-
doi:10.37620/eaz15130010cr fatcat:yfapxzqykrhszd6sz4mwejfqle